(ФОТО) „КОМУНАЛЕЦ“ СО ДЕМАНТ ПО ОБЈАВАТА НА ЗДРАВА КОТЛИНА: ГИ ДЕМАНТИРАМЕ ИСКАЖАНИТЕ НЕВИСТИНИ, ДЕПОНИЈАТА „ШАПКАР“ ДЕНЕСКА НЕ ГОРЕШЕ!

јули 5, 2021

КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА:

Почитувани, ЈПКД Комуналец, најодговорно ги демантира изнесените невистини во Фејсбук статусот на Здрава Котлина, во кои се тврди дека денес на 05.07.2021 има пожар на депонијата Шапкар, проследен со фотографија за која се тврди дека е направена во утринските часови. Имено, за да се расчистат сите дилеми, на 26.06.2021 дојде до самозапалување на депонијата Шапкар, како резултат на високите температури, при што истата беше изгазната на 27.06.2021 за што може да проверите и во записниците на ТППЕ Струмица. Во периодот од 28.06 до 29.06.2021, се изврши тампонирање на опожарениот дел со земја, поради тоа што на некои места сè уште се појавуваше чад.

Денес после Вашата објава, сакаме пред граѓаните да ја покажеме моменталната состојба на депонијата Шапкар и со фотографии и видеа направени во 18 часот да ги демантираме искажаните невистини.

ЈПКД Комуналец секогаш е отворен и достапен за соработка со сите граѓани на Општина Струмица и затоа бараме да не се објавуваат дезинформации без потреба и да се обратат до нас за секоја потребна информација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: