(ФОТО) ЕУРО СКАЛА-СТРУМИЦА СО НОВИ ВОЗИЛА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ: ВРШАТ УСЛУГИ И НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ, СОЛУН, СОФИЈА, ТИРАНА И БЕЛГРАД!

јуни 21, 2021

КОНТАКТ: 078 214 311

Еуро Скала Струмица агенција за изнајмување автомобили, основана во 2013 година во Струмица. Нашата главна оперативна канцеларија се наоѓа во Струмица. Исто така ги нудиме нашите услуги на меѓународниот аеродром Скопје , како и на аеродромите во Солун, Софија Тирана ,Белград со испорака и собирање на возила и патници според договорот (услуга „meet&greet“).

Нашиот фокус се нашите клиенти, вие. Сè што правиме е насочено кон задоволството на клиентите и нашата цел е нашите клиенти да не препорачуваат и да бидат лојални на нас. Она што нè разликува од другите е тоа што ние брзо и ефикасно наоѓаме решенија за вас, дека сме во постојан контакт и дека немате грижи додека користите наши возила, ниту со самото возило ниту со ситуации што можат да го уништат вашиот одмор или службено патување, како што се оштетување на возилото, сообраќаен прекршок, ненадејна промена на планот во врска со употребата на возилото и слично.

Зголемената побарувачка за услуги за изнајмување автомобили појаснува дека изнајмувањето автомобил повеќе не е луксуз, туку корисно решение. Изнајмување автомобил во Еуро Скала сигурно ќе биде вистинско задоволство за вас.

Иако сме релативно млада компанија, имаме огромно искуство во оваа област. Ние секогаш се обидуваме да бидеме во чекор со времето и да ги исполниме сите желби и барања на нашите клиенти, и соодветно на тоа вршиме набавка на нови возила. Нашата флота автомобили постојано се зголемува и нудиме возила од луксузна класа, но и возила од средна и пониска класа за да ги задоволиме сите ваши потреби.Им посакуваме добредојде на новите возила :

Audi A3 Sportback 1.6 TDI DSG Automatik
Audi A3 Sportback (8V) 1.6 TDI 110HP
Volkswagen Golf GT BlueMotion Technology 2.0 TDI 150PS 6spd

Нашата примарна цел е да станеме лидер во областа на изнајмување автомобили на нашиот пазар и пошироко во догледна иднина. Сигурни сме дека ќе успееме во тоа, свесни за фактот дека со голема посветеност и труд, се гарантираат добри резултати. Ние секако се потпираме и сметаме на вашата доверба и препораки. Ви благодариме за досегашната доверба, што секако ни значи многу и ни дава обврска да бидеме подобри и поиновативни во понатамошното работење.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: