(ФОТО) „БОМБАКИС“ – ДЕЧКОТО СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ НАПИШАНИ НА КАРТОН СО ПОМОШ НА ПОРТАЛ СТРУМИЦА ДЕНЕС, ДЕНОВИВЕ ДЕЛЕА ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЧИЊА ОД СТРУМИЧКО!

декември 18, 2020

Деновиве речиси во сите градови низ Република Македонија се спроведува акцијата ИЈасСУмДете чија цел е да донесе радост и насмевка на секое дете за време на новогодишните празници. Кристијан Станковски или познат во јавноста како Бомбакис односно дечкото со картоните на кои пишува интересни пораки, е човекот кој заедно со своите пријатели дојдоа до идеја за организирање на хуманитарна акција собирајќи новогодишни детски пакетчиња. Акцијата беше повеќе од успешна и поддржана од голем број на компании и поединци кои дадоа свој придонес што секако е за пофалба.

Им благодариме на организаторите што се сетија на дечињата во Струмица и ни испратија пакетчиња која со помош на портал Струмица Денес беа поделени во домот за штитеници во с.Банско и во многу фамилии на кого тоа им е најпотребно.

Во овие тешки времиња, детската насмевка е најважна од се’, а луѓе како Кристијан повеќе од потребни.

Се надеваме дека во иднина се’ повеќе млади хумани луѓе ќе се вклучуваат во вакви хyманитарни акции за кои ние лично како редакција ќе ги поддржуваме и дадеме свој придонес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ