(ФОТО) БЕЛАСИЦО, КРИКНИ И ЗАПЛАЧИ ЗА ТВОИТЕ СИНОВИ: Младите на ВМРО-ДПМНЕ се искачија до местото каде беа убиени Петте струмички студенти!

август 12, 2020

Во чест на Петте струмички студенти, денес членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на УМС Јован Јаулески и потпретседателот на УМС Владимир Ристов, го изведе планинарскиот марш на Беласица ,,Завет за нова енергија”, Беласица 2020.

Младите ја искачија патеката која води до местото на погибието на петте студенти.

На 13 август 1951 година на ова место со интрига на тогашната власт убиени се пет млади луѓе.

Борис Белев студент по физика на возраст 22 години, Стево Топчев на возраст 19 години кој беше студент по право, Ѓорѓи Костуранов 21 година, студент по медицина, Ѓорѓи Јармов 22 години, студент по геологија и Мирко Пецев на возраст 23 години се ликвидирани за идеите на самостојна и демократска Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ