На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Ј.(20) од село Мокриево, општина Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и една дигитална вага. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против З.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.12.2024 во 17.00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(46) од село Добрејци, струмичко. Полициските службеници постапувајќи по судска наредба извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени ќесе со марихуана и две шишенца исполнети со течност. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.12.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струмица З.Р.(52) од Струмица пријавил дека околу 15.40 часот на ул. „Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од С.Ш.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.12.2024 во 21.35 часот во Полициската станица Струмица Р.Т.(37) од село Робово, струмичко, пријавил дека околу 15.30 часот во Струмица бил физички нападнат од С.С. и Т.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.12.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица С.Ѓ.(35) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 19.30 часот во село Василево бил физички нападнат од Р.К. и Д.Ѓ.. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.