strumica denes logo

„Ферари“ ќе може да купите со криптовалути во Европа!

Автор:

Датум:

јули 30, 2024

Автор:

Датум:

јули 30, 2024

„Ферари“ објави дека својот систем за плаќање низ Европа ќе го прошири со плаќање со криптовалути.

Италијанскиот производител на луксузни автомобили овозможи плаќање со криптовалути во САД минатата година, а сега планира да го стори истото со другите меѓународни дилери до крајот на 2024 година.

И покрај општиот тренд во индустријата каде што повеќето компании избегнуваат криптовалути, „Ферари“ ја прифати оваа иновација. Одлуката е донесена по барање на богатите клиенти и успешното воведување на овој систем за плаќање во САД.

Во САД, „Ферари“ соработува со „Битпеј“ за обработка на плаќања во криптовалути како што се биткоин, етер и ју-ес-ди коин. Овој систем ги штити трговците од флуктуации на цените со моментално менување на дигиталните валути во традиционална валута. Исто така, практичноста е што нема такси или доплати за клиентите.

Детали за имплементацијата на системот во Европа сѐ уште не се откриени, но повеќето дилери на „Ферари“ веќе го усвоија или се во процес на усвојување на новиот систем.