ФЕЈСБУК СТАТУС: Да беше во Америка, Петар ќе гостуваше уште утре кај Елен Ди Џенерес и ќе беше МИЛИОНЕР на 7 години – Ама пуста земја со клети и злобни луѓе!

ноември 30, 2021

ФЕЈСБУК СТАТУС:

За принцот кој не сакаше ГРАШОК и ЖЕНА ОД СУЛТАНА.

Фино е да се расправате пред вашите деца, да повишувате тон, да ги влечете за коса, да ги шамарате, да лупате врати, по дома, да не им обрнувате внимание, да им ги ставате телефоните и таблетите у скут, наместо да поминете квалитетно време со суштествата кои сте ги створиле и родиле…
Се тоа за вас е фино?

Е сеа пошто некој ја пуштил “ЖЕНА ОД СУЛТАНА” у градинка тоа се смета за зло?
Песна ко песна, децата играле, се забавувале, биле СРЕЌНИ текстот не верувам и дека го разбрале.

А да се запрашаме, пред да ја пуштат песнава… Децава од каде ја научиле?
У сон им се јавила?

И што е тоа бе одма со ТУЖБИ, ИНСПЕКЦИИ… бре бре бре, голиштари едни 100 евра на страна немате вие ќе тужите…ОФФФ!
ПА не пуштале ПОРНО КЛИПОВИ пред децата, пуштиле је*ена песна.
И сеа што?

Да ги однесеме учителките и да ги стреламе на плоштад!
А за Петар, детето со грашокот… Претворивте едно ПРЕКРАСНО ВИДЕО во ХОРОР филм!

Јас сеа да имам фирма, која пакува грашок ко Frikom на пример…

Го зимам детево и праиме урнебесна реклама!

Да беше во Америка, Петар ќе гостуваше уште утре кај Елен Ди Џенерес и ќе беше МИЛИОНЕР на 7 години!

Ама пуста земја со клети и злобни луѓе!

Каде со нив… Нит за орање нит за копање!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: