ФАКТИ ЗА СЕЛОТО МОКРИЕВО КОИ СИГУРНО НЕ ГИ ЗНАЕТЕ

јануари 11, 2022

Сместено во подножјето на Беласица, на надморска височина од 340 метри, се наоѓа селото Мокриево. Селото е оддалечено од Струмица 22 километри, а граничи со 5 други села – Зубово, Борисово, Ново Село, Мокрино и Смолари.

Постојат две верзии за потеклото на името Мокриево.
Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи големо или долго, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење место богато со вода.

Селото за првпат се спомнува во 1376 година
Селото прв пат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“.

Мокриево е едно од ретките села кои биле под силното влиjание на Цариградската патријаршија.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мокриево живееле 1.880 жители, од кои 980 Турци и 900 Македонци.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 година во селото живеале 784 Македонци, патријаршисти.Функционирало грчко училиште.

Селската слава се одбележува на 9 август
Селската црква „Свети Пантелејмон“ била изградена во 1870 година. Тоа може да се заклучи од натписот на дарителите. Таа била зографисана во 1874 година, од страна на Андон Петров од селото Гари, Дебарско.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: