Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште еднаш се потврди со значајното присуство на информативната средба

ноември 19, 2018

19.11.2018, Струмица – Компанијата Еуромакс Ресоруцес, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економските придобивки и мерките за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука. Со тоа Еуромакс продолжува со континуираните информативни средби со жителите од двете општини за постигнување заедничка согласност за отворање на рудникот Иловица – Штука.

На средбата во Струмица присуствуваа жители од селата Иловица, Штука, Еднокуќево, Сушица, Радово , Зубово, Турново, Ново Село и Секирник, при што се запознаа со потенцијалот на проектот Иловица – Штука како дел од определбата на компанијата за транспарентност во работењето. Присутните беа заинтересирани за еколошките мерки што се предвидуваат со проектот, евентуалното влијание на рудникот и инфраструктурата врз селата, како и влијанието врз економијата. Особен интерес присутните покажаа околу работните места кои ќе ги овозможи рудникот, како и можностите за обука и едукација за високо квалификувани позиции.

„Среќни сме дека воспоставуваме конструктивна комуникација со жителите. Импресионирани сме од големиот број на присутни на вчерашната средба, дојдоа во значително поголем број од планираното. Тие покажаа голем интерес за нашиот проект и придобивките кои ги носиме. Сакаме да им објасниме дека нивното мислење ни е од голема важност за успешноста на проектот. Ќе продолжиме да одржуваме отворена комуникација со жителите, невладиниот сектор и со институциите во Македонија. Уште еднаш сакам да истакнам дека одржуваме постојана комуникација со локалните власти, со надлежните институции и со Владата. Работиме на спроведување на сето она што беше договорено на последната заедничка средба во јули “, вели Варшан Гокул, извршен директор на Еуромакс Ресоурцес.

На средбата со жителите беше потенцирано дека уште при проектирање на проектот в предвид се земени влијанието врз животната средина и здравјето на граѓаните. Овој проект е изработен од домашни, меѓународни експерти и професори и е во целосна согласност со македонските закони, најдобрите практики, како светските и ЕУ стандарди. Претставниците на компанијата повторно потенцираа дека цијанид и сулфурна киселина нема да се користат и уште еднаш ја презентираа улогата на независното тело за мониторинг кое ќе се организира во соработка со Владата. Посебна презентација беше посветена за начинот и типот на експлозивни материи кои ќе се користат во рудникот. Од Еуромакс објаснија и дека ќе нема загадување на животната средина и на водата, дека ќе се контролира прашината на сите патишта, дека постојано ќе се контролира квалитетот на водата и воздухот, ќе се употреби соодветна гео-текстилна мембрана во хидројаловиштето, стабилноста на насипот и максималното реискористување на водата при флотацијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ