strumica denes logo

Еуромакс и во 2022 останува партнерот и поддршката на населението во Босилово и Ново Село!

Автор:

Датум:

февруари 3, 2022

Автор:

Датум:

февруари 3, 2022

Еуромакс Ресоурцес, како општествено одговорна компанија, со поддршка од најголемиот инвеститор Трафигура, во 2021 година ја реализираше кампањата „Со акција и дела за подобар живот Сега и Веднаш“. Притоа, компанијата се фокусираше на активности кои имаат економски и социјални придобивки за локалното население. Сите проекти се насочени кон проекти кои секојдневно ги допираат животите на жителите во општините Босилово и Ново Село, како што се здравството, земјоделството, водоснабдувањето, туризамот и угостителството, поддршката на младите претприемачи од Босилово и Ново Село, на невладиниот сектор, образованието и едукацијата, спортските активности и поддршката на настани од општ и хуманитарен карактер.

Поддршката на здравствениот сектор во изминатата година се наметна како приоритет поради високиот број заболени во секој нов бран од Ковид 19. Соработката со здравствените институции во Струмица се состоеше од:

Донација на комора со која ќе се прави анализа за ковид тестирањето во Центарот за јавно здравје во Струмица, неопходна за рана превенција и заштита на над 100 илијади жители од струмичкиот регион од ковид пандемијата.
Донација на заштитни маски и скафандери во Здравствен дом Струмица потребни за медициснскиот персонал за успешна борба против пандемијата.
Донација на 25 нови кревети со механизам, опремени со 25 сетови кислородни протокомери во Општата Болница во Струмица, реализирано во април 2021 година.
Нераздвоен дел од животот на населението е земјоделството и согласно кога Еуромакс го распиша повикот со локалното население за проекти кои ќе им дадат поддршка во соочување со последиците од Ковид пандемијата, населението одговори со проекти кои им ја олеснуваат секојдневната работа:

Поддршка на жени кои активно се занимаваат со земјоделие и сточарство во струмичкиот регион, спроведено преку невладината организација Рурален Центар Огражден. Како дел од овој проект, во период од јуни до септември 2021 година, беа подржани 68 семејства преку давање на најразлична механизација за подобрување на квалитетот на земјоделското и сточарското производство.
Поддршка на претприемачи од земјоделието и сточарството, реализирано преку невладината организација Рурален Центар Огражден. Овој проект беше спроведен во текот на јули и август 2021 година.

Преку соработката со АД Водостопанство – Подружница Струмичко Поле за подобрување на системот на наводнување во општина Босилово се даде нов поттик за поддршка на земјоделците во регионот.

Донација во ресторан „Кај Виктор“ во Босилово е првата поддршка на Еуромакс во делот туризам и угостителство, но беше збогатена со можноста да се поддржи една несебична иницијатива – првиот ресторан во државата што обезбедува инклузивност на деца со аутизам. Донацијата е реализирана во текот на јули 2021 година.

Соработката со невладиниот сектор предвидуваше и поддршка на активностите на Културното Уметничко Друшство „Кирил и Методиј“ Иловица.

Во делот на образование и едукација компанијата ги поддржа:
Проектот „Бесплатен логопед“ за децата од Радовиш, реализиран во ноември 2021 година од страна на невладината организација „Невена за тебе, за мене, за нас“;
Проектот за подршка на едукативна реформа и функционална проценка на деца и млади со инвалидитет во рамките на ОУ Сандо Масев Струмица.
Преку соработка со спортски здруженија обебзедена е поддршка за:
Final4 турнирот за одбојка на жени, организиран во Струмица;
Спортски активности на ОУ Видео Подгорец, каде што 15 деца земаа учество на спортски игри во Белград;
Маркирање на нова планинарска патека во должина од 7,5 километри, реализирано од страна на планинарскиот спортски клуб „Маратон“;
Главен спонзор на турнирот во мал футбал организиран во Иловица, на кој учествуваа 16 екипи или 112 учесници од целиот струмички регион во текот на ноември и декември 2021 година.
Во сплетот на корпоративно општествено одговорни активности беше и поддршката на настаните организирани од страна на Bikers Garage:
Рели Рута која започна од Скопје и заврши на Огражден, преку која се промовираше значењето на сообраќајната култура и безбедноста на сообраќајот, настанот беше организиран во септември 2021 година;
Хуманитарен настан Lady Bikers Power „Заедно за борба против рак на дојката“, за зголемување на свеста од ризиците од ракот на дојката и потребата од рана превенција, организиран во ноември 2021 година.

Соработката со млади претприемачи од општините Босилово и Ново Село ги заокружи активностите во 2022 година. Проектот обезбеди грантови за претприемачки/бизнис активности на овие млади жители за поефикасно искористување на ресурсите, отворање на нови работни места и други економски придобивки кои ќе имаат поширок општ интерес за двете општини.

Од Еуромакс ресоурцес велат дека се задоволни од одзивот и соработката што ја имале во 2021 година со локалното население, потенцирајќи дека остануваат отворени да ги слушнат нивните предлози за нови активности во 2022 година.