strumica denes logo

ЕКСКЛУЗИВНО: Пред еден час Струмичката полиција пронајде две најлонски кеси хероин во позната струмичка фирма за превоз на патници!

Автор:

Датум:

септември 15, 2024

Автор:

Датум:

септември 15, 2024

На ден 15.09.2024 година, во 20:00 часот, на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, полицијата од ПС при ОНТДО на СВР Струмица извршиле контрола на возило од позната струмичка фирма за превоз на патници. За време на контролата, во комбе на бензинска станица било прегледано лице од Струмица, при што биле пронајдени две најлонски кеси со кафеава прашкаста материја, за која постои основано сомнение дека се работи за наркотична дрога – хероин.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Лицето веднаш било лишено од слобода и спроведено во полициската станица за понатамошни истражни постапки и целосно расчистување на случајот, дознава Струмица Денес.