ЕФИКАСНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ: Големи постигнувања на СВР СТРУМИЦА во изминатиов период!

март 9, 2024

Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица секојдневно презема мерки во однос на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачјето на Секторот во областа на јавниот ред и мир и спречување на вршење на кривични дела или прекршоци.

Како резултат на континуирано работење, но и по преземање на зајакнати мерки и активности во изминатава недела бележат откривање и фаќање на сторители на различни кривични дела.

Имено, како што веќе Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста на 02.03.2024 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведе координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на неколку локации на територијата на Република Северна Македонија. Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.

Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата, преземени беа повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата. На 02.03.2024 година полициските службеници од слобода лишија 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени беа претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени беа материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.

Исто така во изминатава недела СВР Струмица презеде повеќе мерки и активности во однос на откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревни дрва. По преземените активности во координација со Шумска полиција, а по насоки на Јавен обвинител, беше реализиран случај за кој како што информиравме денес СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“.

На 29.02.2024 година при преземање на службени активности се откриени кривични дела сторени од страна на Ѓ.И.(55) од Валандово, И.Д.(50) од село Собри, валандовско, К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово, Ј.И.(55) од од село Брајковци, валандовско и Д.Д.(38) од Валандово, вработени во Јавно претптијатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и Т.Џ.(57) од село Костутрино, струмичко и против нив до Основното јавно обвинителство Струмица е поднесена кривична пријава постои основано сомневање дека пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368-а, пријавениот К.М. сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 -а, а пријавениот Т.Џ. сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во наведените случаи покрај одземени дрва, одземени се и возила во кои истите се превезувале.

Активности поврзани со откривање на лица кои вршат бесправна сеча и продажба на огревни дрва беа преземени и на 04.03.2024 година во атар на село Сушево, како и на 05.03.2024 година во село Костурино, а по целосно документирање и на овие случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На подрачје на секторот беа преземени и повеќе активности во однос на откривање на лица инволвирани во неовластено производство и продажба на опојна дрога, при што кај неколку лица Струмица, струмичко и радовишко, беше пронајдена марихуана и кокаин, а во еден случај биле пронајдени и 2 пушки и патрони за ловна пушка.
Одделението за внатрешни работи Радовиш во изминатава недела откри случаи на непријавени 2 сообраќајни несреќи во кои лица учесници се здобиле со повреди. За настаните бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на истите против инволвираните лица ќе бидат поднесени пријави поради сомнение дека сториле кривични дела „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „непријавување на кривично дело или сторител“.

Во периодот од 01.03.2024 до 07.03.2024 година на подрачјата на Струмица и Радовиш беа лишени од слобода и 2 лица за кои беше распишана потерница поради бегство од затвор. Лицата се предадени во затворите.

СВР Струмица и во иднина ќе продолжи со неселективен пристап во преземање на мерки и активности, се со цел откривање и фаќање на лица сторители на кривични дела и прекршоци и нивно соодветно санкционирање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ