Денеска (27.03.2022) во 00.40 часот на ул„Ленинова“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Д.(34) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.