ЕДНО ЛИЦЕ ОД НОВО СЕЛО И ПРИЛЕПЧАНЕЦ СЕ ЗДРУЖИЛЕ И ЗАЕДНО ФАЛСИФИКУВАЛЕ ДОКУМЕНТИ И ПОДИГАЛЕ КРЕДИТИ НА ТРЕТО ЛИЦЕ!

октомври 3, 2022

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Прилеп и А.Љ.(24) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „фалсификување или уништување деловни книги’’. Првопријавениот, вработен во финансиско друштво за брзи кредити, заедно со второпријавениот, кој претходно набавил фотографија од лична карта на оштетеното лице, ги злоупотребиле личните податоци на оштетениот и на негово име и негова сметка во четири наврати подигнале кредит од правното лице износ од 53.000 денари со затезна камата од 32.870 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ