ЕДЕН Е ГОРАН ПАНДEВ – ВЛЕЗЕ ВО ИГРА И ВЕДНАШ ДАДЕ ГОЛ ЗА ПАРМА!

февруари 12, 2022

Горан Пандев ја потврди својата фудбалска величина, откако на вториот меч во дресот на Парма веднаш го постигна и првиот гол за новиот тим.

Исто како и на дебито, Пандев влезе во игра во вториот дел, овојпат на самиот почеток од второто полувреме откако неговиот тим на одмор замина со негатива од 0-1 против Порденоне.

Македонецот ја покажа класата откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, од прва со левата нога сместувајќи ја топката под гредата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ