ДВАЕСЕТТИНА ДЕЦА ВО СТРУМИЦА СО НАДМИНАТА ВОЗРАСТ, ВКЛУЧЕНИ ВО РЕДОВНИОТ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС!

мај 31, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Децата се нашето најголемо богатство, а нивното образование наш приоритет.

Со грант којшто го добивме од Детската фондација Песталоци, дваесеттина деца со надмината возраст ги вклучивме во редовниот воспитно-образовен процес, а коишто пред тоа беа надвор од училиштата. Поддршката за овие деца ја продолжуваме и понатаму.

Со посебно задоволство денеска присуствував на завршниот настан во соработка со Домот за деца и млади и Библиотеката, а на кој децата цртаа на тема „Јас имам сон“

Мојот сон е здрави деца, образовани деца, сигурна иднина на Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ