Home

Perdormire
Реклама Струмица

ДВА НОВИ ИНСТАНТ ЛОЗА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: „МАКСИ ЗЛАТНА РИПКА“ И „АМОРОВА СТРЕЛА“

Home

Државна лотарија ја збогатува палетата инстант лозови со лозовите „Макси златна рипка“ и „Аморoва стрела“. Трагачите по забава, игра и добивки ги очекува нова возбудлива игра во подводна потрага по добитни броеви со „Макси златна рипка“, или по добитни симболи во правец на движењето на аморовата стрелка со инстант лозот „Аморова стрела“.

Како и досега златната рипка остварува до три желби, или во случај на нашиот инстант лоз, рипката носи до три шанси за добивка. Но, инстант лозот „Златна рипка“ порасна заедно со желбите на играчите, па сега новиот лоз „Макси златна рипка“ носи уште поголем фонд на добивки: 10 х 1 000 000 денари, 10 х 500 000 денари, 10 х 100 000 денари, многу други добивки и, секако, многу повеќе забава. Златната рипка е со нас повеќе од пет години, но овојпат таа не е обична, туку макси рипка со макси добивки. Со „Макси златна рипка“ за макси желби.

Најновото изненадување за играчите на инстант лотаријата е инстант лозот „Аморова стрела“ што ќе ги зачини летните денови со забавна игра на познатата убава тема ‒ љубовта, но овојпат преку симболи коишто може да донесат богати парични добивки, до 500 000 денари. Возбудливото откривање на истоветни симболи наредени во правец на една аморова стрела ќе ве внесе во откривање на добивката и поврзување на среќата, љубовта и парите. Играта е забавна, а лозот е добитен доколку откриете три еднакви симболи распоредени во еден ред, во една дијагонала или во една колона.Како што љубовта и среќата најчесто одат во пар, така и. лозот „Аморова стрела“ нуди не една, туку две игри, од кои втората е бонус игра со добивка сокриена зад симболот срце. Но, не може да се опише тоа што треба да се доживее. Затоа побарајте инстант лоз „Аморова стрела“на сите продажни места на Државна лотарија и уверете се дека среќата, љубовта и парите може да имаат еден заднички правец.