ДРВОШАНОВ МИТКО ОД ВМРО- ДПМНЕ: БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА Е ПРЕДИЗБОРЕН МАРКЕТИНГ!

декември 25, 2020

Дрвошанов Митко, ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

На прв поглед Буџетот на Општина Струмица не се разликува многу според обем и структура од претходните, но тоа би било нормално доколку не се наоѓаме во пик на пандемија која трае веќе девет месеци предизвикувајќи економска криза што резултираше со рецесија. Со оглед дека кризата има тенденција да трае до средината на претстојната година не гледам како би се реализирала проекцијата на приходната страна. Исто како и во претходните години кога немавме всушност немаше рецесија. Оттука се поставува прашањето како би се реализирала расходната страна на буџетот доколку нема приходи.

Очигледно направен е предизборен буџет во кој се вклучени проектите што Градоначалникот ги ветуваше пред повеќе три години, ветувања што не се реализирани. Сега повторно се предвидуват да се реализират во последната буџетска година од мандатот односно во последните девет месеци. Мислам дека после вториот квартал со ваква проекција ќе правиме измени и дополнување на буџетот.
Тогаш ќе се види дека вака проектиран Буџет не е реален и повторно ќе се одложат капиталните проекти. Како човек лично би сакал моите предвидувања да не се остварат, но како економист не можам да не се сомневам во смислата на ваква конструкција на буцетот.

Во својот настап во врска со предлог Буџет Дрвошанов предложи и една нова мерка како конкретна помош за стопанството.

Да се ослободат една година од плаќање на фирмарина стопанските субјекти.
Тоа и порано го предложивме но, до сега освен начелна согласност и барање на модалитет нема конкретно решение – рече Дрвошанов.

Советничката група предлага да се ослободат од плаќање фирмарина стопанските субјекти кои имат пад за 2020 поголем од 30 % и, кои со Барање ќе го докажат падот на своето работење во однос на претходната 2019 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ