strumica denes logo

ДОНИРАНА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА НА СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ОД СТРАНА НА ЖИТЕЛ НА НОВО КОЊАРЕВО КОЈ РАБОТИ ВО СТРАНСТВО!

Автор:

Датум:

октомври 22, 2021

Автор:

Датум:

октомври 22, 2021

Денес во ТППЕ Струмица, испостава Ново Село беше донирана опрема која се состои од лична заштитна опрема (интервентна облека, шлемови и сигурносни појаси) . Донацијата е од жител на с.Ново Коњарево кој е на привремена работа во странство и кој сакаше да остане анонимен. Во наредниов период по негово кажување ќе биде донирана уште повредна опрема за пожарникарите.

Голема благодарност од страна на ТППЕ Струмица.