Романот со наслов ,,Дојрански договор’’ е објавен како четврто дело на струмичкиот автор Петар Трајков. Станува збор за политички трилер со домашна содржина. Романот ја следи приказната на двајца млади кои по игра на случајот се заплеткуват во интриги. Книжевниот жанр политички трилер ретко третира домашна тематика.
Романот ја следи приказната на двајца млади кои по игра на случајот стануват дел од поширока политичка интрига. Книгата опишува тек на една локална политичка кампања и подготовка на атентат. Младите откриват дека наместо според прокламираната визија светот има заткулисен градител. Системот на вредности за протагонистите се срушува и, тие се исправени пред предизвик сами да го најдат излезот.
На последната страница од книгата стои:
,,Светот во којшто живееме се соочува со корпоративна глобализација, елитен демократизам и потрошувачка идеологија. Истовремено, се соочуваме со нови кризи: геополитичка, економска, здравствена и морална. Токму во моментот кога мислевме дека ќе започне населување на вселената, чесниот, воспитаниот и образованиот човек е поставен на испит пред феноменот криза на цивилизацијата…
,,Целта на овој текст е да предизвика интерес за поширока политизација. Нам ни е потребна политизација без разлика колку предизвици ќе попречат во таа намера. Особено на младите, професионалците, компетентните, оние коишто знаат, коишто се мудри, нивно запознавање со сите процеси и предупредување за сѐ што нѐ чека на еден пат кон целосно ослободување и конечно обединување на човештвото. Младите никогаш не треба да се откажат, дури ни тогаш кога изгледа дека секоја структура е корумпирана и зафатена, кога изгледа дека сите светски сили направиле заговор. Дури и тогаш кога нашата заматена свест од лоша храна или невоздржано консумирање политика ни ја уништува надежта и мислиме дека сите космички сили веќе се против нас и нѐ напуштиле”.
Книгата е издание е на Битолската издавачка куќа Дата Песнопој. Уредник на изданието е Илија Мерковски, а рецензенти се Весна Димовска и Илче Стојановски.
Авторот е правник, роден во Струмица и досега ги објавил: романот Орбело, книгата Последното Оттуѓување, Монографија Богориди, автор е на сценарија за играно-документарни филмови, а објавувал свои текстови во домашни и меѓународни магазини.
КЛИКНИ ОВДЕ: https://kupikniga.mk/product/dojranski-dogovor/