ДОДЕЛЕНИ ПЕХАРИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ!

јуни 27, 2019

Во својот кабинет, градоначалникот Коста Јаневски прими претставници од Општинската организација на Црвениот крст од Струмица, претставници од средни и основни училишта и ученици кои зедоа учество на општинскиот натпревар по Прва помош за основни и средни училишта. Притоа, градоначалникот им ги додели пехарите и дипломите на екипите кои ги освоија првите три места на овој натпревар, одржан на 11. јуни во организација на струмичкиот Црвен крст.

Пехарите за прво, второ и трето место, во категоријата – среднни училишта, завршија во рацете на трите екипи од СОУ „Јане Сандански“ , а кај основците, пехар за второ освоено место доби екипата од ООУ „Никола Вапцаров“. Екипите од ООУ „Борис Трајковски“ од Моноспитово и ООУ „Кирил и Методиј“ од Иловица, пехарите за прво и трето место, ги добија претходно во Општина Босилово.Честитајќи им на наградените ученици, градоначалникот Јаневски им порача да бидат секогаш хумани, позитивни и отворени за помош, соработка и разбирање меѓу луѓето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ