До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Денес ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, а во четврток попладне нестабилно ќе биде на повеќе места. Особено топло ќе биде во петок и сабота, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите во Струмица ќе се движат од 16 до 29 степени целзиусови.