До крајот на викендот времето ќе биде сончево, во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса со засилен ветер и нагло опаѓање на температурата!

октомври 13, 2023

Денес и во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ