strumica denes logo

ДЕСЕТ НЕДЕЛИ СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ ГОДИНАВА!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 28, 2019

Категории:

Струмица

Најмасовната домашна манифестација и струмички бренд, Струмица ОПЕН фестивал годинава ќе трае од 9 јуни до 18 август. Од неколкудневни музички концерти во првите години од неговото одржување, денес СОФ прераснува во струмичко културно лето со 10-неделна програма.

Бесплатните настани ќе се одржуваат на повеќе отворени локации во Струмица и околината.

„Осмото издание на Струмица ОПЕН фестивал ќе понуди над 30 настани распоредени во три месеци. Новитет за годинава е поголемиот акцент на спортско-рекреативните активности во соработка со локалните спортски клубови. Дел од настаните ќе имаат натпреварувачки карактер, а дел остануваат како повеќегодишна традиција за нашиот фестивал“, најавуваат од Културен забавен живот.

Културно-уметничката и музичка програма ќе опфати класична, џез, рок, поп, хип-хоп и електронска музика. Најавено е присуство на над 30 домашни и странски музички ѕвезди за сите вкусови.