На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во чудотворните води на изворот. Со времето храмот пострадал во многу земјостреси, па затоа царевите Василиј Македонецот и неговиот син Лав Мудри го обновиле. Во 15 век царскиот град паднал во рацете на муслиманите. Прочуената црква била уништена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата затрупано, а околината била претворена во муслимански гробишта. Турската стража им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму. Со текот на времето забраната станала не толку строга и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место, која неколку пати доживувала трагична судбина. За времето на владеењето на султанот Махмуд, во 1835 г., е изградена и осветена црквата којa и сега e таму. По молитвите на Пресветата Богородица и преку нејзиното застапништво, од водите на изворот и денес се случуваат многубројни чудеса.
Денеска се празнува Животоприемен извор
Денес се празнува Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета
Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење…
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни…
Од неделата попладне, 15 септември, 23 годишната Теодора Малинова од Велес заминала од нејзиниот дом, заедно со двегодишната ќерка. Тие…
На денешната собраниска седница пратеникот Цеков праша дали градоначалникот на општина Струмица аплицирал до Владата да добие финансиски средства за…
ТЕШКОТО ДЕТСТВО НА ИЛОН МАСК – ПРЕКУ ТРЊЕ, ДО ЅВЕЗДИТЕ!
На 13 септември, „laSexta Columna“ ја посвети својата програма на технолошкиот претприемач Илон Маск. Сопственикот на X, порано Твитер, е…
Откриено е како комарците ве лоцираат и напаѓаат!
Има нешто кај луѓето што комарците едноставно силно ги привлекуваат. Освен мирисот и здивот, на нив изложената човечка кожа делува…