Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.
Денес се слави Светиот свештеномаченик Харалампиј
Речиси идентична е ситуацијата и на граничниот премин „Меџитлија“ кај Битола, исто така, на границата со Грција, каде што има…
Се бараат работници во Струмица на следниве позиции: 1. ОПЕРАТОРИ НА КАФЕМАТИ (за полнење продукти и одржување на кафемати). 2.…
СЕРВИС „ЛОКА“ ВРАБОТУВА АВТОМЕХАНИЧАРИ ВО СТРУМИЦА!
Реномираниот сервис „Лока“ вработува АВТОМЕХАНИЧАРИ во Струмица. Условите се одлични! За подетални информации и пријавување, може да се јавите на…
ПЛАТА ОД 40.000 ДО 65.000 ДЕНАРИ: РЕНОМИРАНА ФИРМА ВРАБОТУВА МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР И ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР!
Реномирана фирма вработува: 1. МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР 2. ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР Сите заинтересирани за подетални информации може да се јават на следниот…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски
Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на…