Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син, Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе нè облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, затоа што ти заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но, Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата, наш мачителу, и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт – ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.
Денес се слави Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници
Адиент, водечки глобален добавувач за автомобилски седишта, ја доби овогодинешната сертификација „Најдобар работодавец“, Top Employer и за својата организација во…
Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 Евра 3 Клучки 4 Вијадукти 4 Надвозници 3 Подвозници Ги поздравуваме…
Слаткарница „Бисер“ вработува: ПРОДАВАЧКИ И ШОФЕРИ Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број:…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…
На 12.01.2025 во 20.00 часот на место викано „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле…
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен…