Сведоштвата за овој архијереј и Христов маченик се оскудни. Се знае дека беше Охридски архиепископ. При една своја обиколка, пострада за вистината, во градот Велес. Таму беше жестоко убиен – прободен со јатаган – од месните Турци, а телото му беше фрлено во реката Вардар. Поради страв од казна од Турците, телото на светиот маченик остана во реката цела седмица. Водата го однесе до едно село, на два часа пеш од Велес, каде што го најде еден рибар, откако имаше видение на сон. Тој го изведе и го пренесе во селската црква, сакајќи да го погребе во дворот. Но, на сон му се јави самиот Архиепископ Варлаам и му рече: „Погреби ме во олтарот, внатре во црквата, бидејќи јас за Црквата пострадав и умрев“. Со помош на други благочестви христијани, рибарот ги погреба земните остатоци на маченикот. При спуштањето на телото во гробот, тие се судрија со потешкотија, бидејќи никој не можеше да го подигне телото. Дури откако најдоа тројца праведни и достојни мажи, успеаја да го положат во гробот. По една година, на еден епископ во сон му се јави маченикот Варлаам и у порача да му ги пренесат моштите во Охрид, во седиштето на архиепископијата. Верниците со потплатување на турските власти успеаја да добијат дозвола и да ги пренесат моштите на архиепископот. Телото му го најдоа здраво, раните од бодежите беа зацелени и од нив се излеваше благоухано миро. Го пренесоа и погребаа во Охрид.
Денес се празнува Свети Варлаам Охридски
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2023/08/crkva-krst.jpg)
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…