Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош за беспомошните, и духовна и телесна. Патријархот чу за добродетелите на овој човек и го ракоположи за свештеник. Во тоа време се разболе царот Јустинијан Велики и неговата болест, според уверувањето на сите лекари, беше неисцеллива. Тогаш царот Му се помоли на Бога со голема усрдност и Бог му откри во сон дека Сампсон ќе го исцели. Навистина, кога дозна царот за Сампсон, го повика на дворецот и само што старецот ја стави раката на болното место, царот оздраве. Па кога царот му нудеше големо богатство за ова, Сампсон се заблагодари, не сакајќи ништо да прими, а рече: „О цару, имав јас и злато и сребро и други имоти, но сè оставив заради Христа, за да ги стекнам вечните небесни богатства“. Но, бидејќи царот настојуваше сепак да стори нешто за него, Свети Сампсон го замоли да му изгради дом за ништите. Во тој дом Сампсон им служеше на сиромасите како родител на своите деца. Милоста кон сиромасите и немоќните му беше како природна. Најпосле овој свет човек, сиот исполнет со небесна сила и добродетел, се упокои мирно на 27 јуни 530 година. Го погребаа во црквата на светиот маченик Мокиј, неговиот роднина. Откако се упокои, многупати им се јавуваше на оние што го повикуваа на помош.
Денес се празнува Свети Сампсон Странопримец
Времето денес ќе биде роменливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде роменливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб…
Денес се празнува Светата маченичка Харитина
Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и…
„FIZOMA CENTER“ НУДИ ОДЛИЧНА ПЛАТА: СЕ БАРА РАБОТНИК – ВУЛКАНИЗЕР!
Познатата компанија „FIZOMA CENTER“ бара работник ВУЛКАНИЗЕР. Нудат одлични услови и плата. Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може…
Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов излегува со уште еден доказ за…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Градонаначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов ми испратил…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави…