Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Според преданието тој и во Египет одеше со Пресветата Дева и со Јосиф, кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука, Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. Беше девственик до крајот на животот. Многу бдееше ноќе и Му се молеше на Бога. Господ го вброи во Своите Седумдесет апостоли. По воскресението на Господ Исус, Он нему му се јави посебно, како што сведочи светиот апостол Павле (1 Кор. 15). Беше епископ во Јерусалим триесет години и ревносно управуваше со Божјата Црква. По указ на Господа, ја состави првата Литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа прво свети Василиј Велики, па потоа и свети Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини свети Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но, кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие Јаков, со оглед дека е проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Јерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата. Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но сè уште беше жив. Тогаш притрча еден од евреите и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.
Денес се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…
Конечно и во Струмица доаѓа големиот детски – светски спектакл, Театарската претстава за деца “Пинокио, која е пропратена со новокомпонирани…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: 30.000 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ДОГОВОРИТЕ ЗА НАБАВКА НА…
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТАДИНОВ ОТИДЕ ДО ПАРИЗ, ЗА ДА СЕ СЛИКА СО ПЛАКЕТА ОД ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД УНИВЕРЗИТЕТ ВО СКОПЈЕ Костадинов…