strumica denes logo

Денес се празнува Преподобен Јован Ветхопештерник

Автор:

Датум:

мај 2, 2023

Автор:

Датум:

мај 2, 2023

Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи за смртта и учејќи се на смирение. Смртта го најде како добро созреан плод и го пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.