ДАЛИ Е ПОТРЕБНА ОВАА МЕРКА И КАЈ НАС? ВО СРБИЈА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ МОЖЕТЕ ДО 22:00 НАВЕЧЕР, А ПОТОА САМО СО СЕРТИФИКАТ!

октомври 21, 2021

По вчерашната седница на Кризната штаб во Србија, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека трговските центри, продавниците и јавниот превоз најчесто се контролирани, кога станува збор за носење маски.

Правните лица и корона-редарите се казнуваат, а инспекциите ги посетуваат објектите во текот на денот.

Одлуката на штабот е дека од оваа сабота, 23 октомври, од 22 часот навечер се воведуваат ковид сертификати за сите угостителски објекти. Тоа значи дека по 22 часот граѓаните нема да можат да бидат во затворен простор од овој тип, без владина пропусница.

Инспекциите се подготвени, вели Брнабиќ, како и комуналните, кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспекции.

Ковид-пропусниците не се само за вакцини – додава премиерката и забележува дека важечкиот сертификат е потврда за втората (не смее да помине подолго од 7 месеци од примањето на втората доза), односно третата доза од вакцината. Негативен PCR тест, не постар од 72 часа, е исто така задолжителен ако сакате да седите во затворени простории по 22 часот.

Антигенскиот тест не смее да биде постар од 48 часа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: