Фејсбук статус на Дајанчо Ефтимов:
Со моето назначување за Државен Секретар на Министерството за Правда прифатив сериозна обврска и задача.
Станувам дел од екипата од која народот очекува многу. Тим предводен од Премиерот Христијан Мицкоски.
Обврската е голема затоа што правдата и правната држава се постаменти на на кои се темели визијата за Македонија на Премиерот Христијан Мицкоски.
Токму заради тоа истовремено со обврската голема е честа на укажаната доверба.
Доверба да се биде дел од значаен елемент во трасирањето на иднината на Македонија: регулирање на правосудството и правосудниот систем.
Искажувајќи благодарност кон Премиерот Христијан Мицкоски ветувам пред сите наши досегашни соработници и сограѓани дека ќе работам искрено и чесно да ја оправдам довербата целосно!
Ние, граѓаните на Македонија пред идните генерации земавме сериозна задача. Да го реформираме корумпираниот систем во неговиот корен и да направиме правна држава со функционален правосуден систем.
Правда мора да има во државата македонска и таа да важи за секого !