strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Време е Советот во општина Струмица да работи за сите граѓани – транспарентно, дигитално и демократски!

Автор:

Датум:

септември 29, 2025

Автор:

Датум:

септември 29, 2025

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струмица, д-р Никола Маџунков, ја претстави визијата за идното работење на Советот како модерен, ефикасен и дигитализиран орган, кој ќе биде во служба на граѓаните.

Во својата изјава, Маџунков нагласи дека целта на тимот е да создаде Совет кој ќе биде отворен за сите, каде граѓаните ќе имаат вистинско учество во процесот на носење одлуки, а избраните претставници ќе покажат отчетност и транспарентност во своето работење.

„Време е Советот да работи за сите граѓани – транспарентно, дигитално и демократски,“ порача Маџунков, додавајќи дека новата визија е насочена кон создавање на модерна и функционална локална демократија, во која секој жител на Струмица ќе има глас и ќе биде дел од процесите на одлучување.