strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Пред 8 години ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја отвори единицата за интервентна кардиологија-антиографија и стентирање!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Здравје, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Здравје, Струмица

Д-р Никола Маџунков:

Единицата за интервентна кардиологија – ангиографија и стентирање во струмичката болница беше отворена пред 8 год од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Беше дел од проектот за ангио сали во неколку болници во Република Македонија. Целта на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, беше граѓаните да добијат квалитетни здравствени услуги во Струмица, за да не треба пациентите да се препраќаат во Скопје.

Граѓаните во тоа време добиваа квалитетни услуги – стентирање и ангиографија. Се направи тим кој направи многу интервенции и единицата за интервентна кардиологија функционираше.

Со самото промовирање на сегашното раководство дека започнала со работа салата за ангииграфија и стентирање е признавање дека еден успешен проект е прекинат. Прекинот е секако на штета на граѓаните. Сега се промовира проект и услуги со истата опрема кои пред многу години беа ставени во функција од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.