Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Немаме резултати и секоја улица е со дупки по кои градоначалникот планира да возат електрични автобуси!

ноември 23, 2022

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Буџетски форум 2023г. – фарса и лакрдија на градоначалникот

Буџетските форуми во заедницата се начин како да се унапреди демократијата на локално ниво.

Демократијата се унапредува преку зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината кон граѓаните и овозможување активно учество на граѓаните во донесување на одлуки и креирање на својот Буџет.

Според Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), Општина Струмица не е помеѓу деветте општини кои добија признание за добро управување.

Општина Струмица не е препознаена од Советот на Европа како општина која има добри практики во работењето за да биде поефикасна, поотчетна и потранспарентна општина.
Зошто?

Наместо општината да ги информира и мотивира своите граѓани да присуствуваат и активно да учествуваат во работата на буџетските форуми – општината форумот го организира со директорите на јавните претпријатија во Струмица и со вработените во Општина Струмица.

Наместо да има размена на мислења и идеи со граѓаните – имаме самозаљубен говор од градоначалникот за тоа колку е добар во работењето и колку Струмица е најнапредна општина.

Наместо предлозите да доаѓаат од граѓаните – се организираат Форуми за да може градоначалникот да каже што треба да биде приоритет во градот во 2023г.

Наместо дискусија – имаме говор на величење за ликот и делото на градоначалникот.

Затоа, не сме општина која е транспарентна, отчетна и ефикасна.

Затоа, не сме препознаени од Европската асоцијација и Советот на Европа како општина со транспарентно работење.

Затоа, немаме резултати и секоја улица е со дупки по кои градоначалникот планира да возат електрични автобуси.

Како во Прага – само по дупки!

Форумот е за граѓаните – не е за општински вработени кои се потпишуваат за да се знае дека биле присутни.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ