Д-р Никола Маџунков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица:
Почитувани струмичани, денес е последен ден од политичката кампања. Сретнавме многу несреќни и разочарани луѓе во нашата општина. Многу проблеми нерешени, многу проекти нереализирани, а ветени.
Како доктор и политичар, а пред се’ човек јас, Никола Маџунков, ќе продолжам да бидам блиску до вас, да ги слушам вашите проблеми и заеднички да ги решаваме.
Ветувам голема борба во Советот на општина Струмица.
Благодарност до сите поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Изберете чесност, изберете работа, изберете труд, изберете нови луѓе кои ќе ја водат општина Струмица.
Недела е денот, 7 е бројот. Бидете ми живи и здрави!