Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Градоначалникот само се сликаше и си отиде без да ги ислуша граѓаните на средбата со граѓани!

ноември 8, 2022

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Градоначалникот се ислика и си отиде без да ги ислуша граѓаните.

Срамно однесување на Градоначалникот, а уште посрамна организиција на средбите со граѓани во негова организација бидејќи на истата присуствуваа 30 тина граѓани.

Костадинов во своето известување до јавноста објави фотографии, демек транспарентено ќе го прави буџетот за 2023.

Но реалноста е поинаква, дојде се сликаше, одржа краток небулозен говор и со замина, не слушајќи ги проблемите на граѓаните.

Од средбите на граѓаните направи ПР. Скромното присуство на граѓаните го покажа како транспареност.

Но затоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ останавме до крај слушајќи ги многуте проблеми на граѓаните. Граѓаните се жалат на многу проблеми, со години натрупани и се жалат дека се нема слух за нивните проблеми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ