Home

Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Додека изминува првата четвртина од 21 век, во нашата Струмица, сеуште сограѓаните немаат соодветна доводна и одводна мрежа!

Home

Д-р Никола Маџунков, советник во општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Општина Струмица неколку мандати наназад прокламира заложба за еднаквост на сите граѓани и инклузивност на сите групи и поединци.

Денеска во расправата по точката од дневниот ред која се однесува на развојната програма на Струмица како Советничка група утврдивме дека на тој план е потребна посветена анализа и издржани проекти.

За жал, ние не можеме да ги видиме во конкретниот предлог.

Додека изминува првата четвртина од 21 век, во нашата Струмица, сеуште сограѓаните немаат соодветна доводна и одводна мрежа, постојат места со субстандардни услови за живеење, почнувајќи од местата каде децата на училиште одат по калливи и темни улици до места во кои тешко може да пристигне Брза помош.

Со оглед на тоа дека станува збор за петти мандат актуелната власт има сериозна задача во развојната програма да посвети повеќе внимание на еднаков пристап и услови за развој на стопанскиот сектор.

Таквата заложба во претстојниот период може да биде клучна за надминување на последиците од кризата и директно да влијае врз стандардот на граѓаните.

Според тоа, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица одлучи да се изјасни воздржано за конкретниот предлог.