Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ СО СИЛНА ПОРАКА: Патриотизмот и интелегенцијата мора повторно да се обединат во Р. Македонија!

август 29, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Она по што ќе ги памети историјата ( научната историја, се разбира ) овие два мандати на СДС – антидржавно ( сигурен сум дека СДСМ како партија ќе се издигне повторно, ќе ги надмине врховистите во своите редови и повторно ќе ги штити интересите на Р. Македонија ), се разгорување на националистичките идеи кон македонскиот народ, во нашата држава и во регионот.

Националистичката реторика од минатиот век ја вратија на сцена за да биде покритие за нечесните бизниси врз грбот на македонскиот народ ( тука ги вбројувам сите етнички заедници во Р. Македонија ).

Провидна е реториката на СДС-антидржавно, дека за да станеме дел од Европа и дел од европското семејство, потребно е да го изгубиме чуството за патриотизам, дека сме со уназадени идеи ако го почитуваме своето знаме ( и државно и етничко, зошто така е дозволено ), дека сме прости ако стоиме мирно на државната химна и дека сме глупи ако веруваме дека Р. Македонија ќе опстои со свој јазик, култура и идентитет во идните генерации.

Само за појаснување, во Европа не се влегува како националист кој евтино ја распродава својата држава и народ. Во Европа се влегува како чесен патриот, МАКЕДОНЕЦ кој создава стандарди и услови за живеење на својот народ.

СДС – антидржавно не прави разлика помеѓу националист и патриот.

Причините за овој текст се последните случувања после јасно кажанато НЕ за Уставни промени од страна на Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се послуша желбата на македонскиот народ, кој е јасно против ( не знам дали некој од СДС воопшто ги чита колумните и текстовите во весниците на сите наши интелектуалци кои имаат јасен став против Уставни промени ), власта објавува дека со поединечни средби со секој член на Парламентот ќе се разговара за да се промени ставот ( читај: во четири очи и зад затворени врати ќе се прави недемократски притисок врз секој парламентарец кој не се согласува ).

Сето ова е поткрепено со кампања за колку милијарди ќе изгубиме доколку не изгласаме Уставни промени. Меѓутоа не кажуваат дека, во суштина се борат како тие милијарди да завршат во нивните џепови а не во Р. Македонија и во народот.

Не кажуваат, дека земјоделците не можат да имаат пристап до ИПАРД фондовите затоа што државата не направи никаков план за да ги организира и да можат како групи да конкурираат во таквите фондови ( кој земјоделец – поединец има десетици илјади евра само за да конкурира кон ИПАРД фондовите? ).

Наместо тоа го зголемија увозот на земјоделски производи на највисоко ниво во нашата историја, и тоа преку нивни фирми. Е, затоа се борат за Уставни измени!
За тоа колку го почитуваат македонскиот народ и Р. Македонија ( не мора да го сакаат! ), видовме после насилната промена на името на својата држава и од кампањата што тогаш ја водеа.

– Од Европско здравство за сите – видовме што се случи во Тетовската модуларна болница и целата постапка околу овие бизнис зделки.
– Од Европско судство – видовме како се води постапка за докажување на причините за пожарот во Тетовската модуларна болница.
– Од Европско земјоделство – видовме како се зголемува увозот преку нивни фирми а се уништува домашното земјоделско производство.
– Од Европско образование – видовме како ја избришаа целата македонска историја од учебниците ( кои престанаа и да ги печатат! ) и вметнуваат севкупно родово сексуално образование.
– Од Европски општини – видовме како ги заглавуваат граѓаните во кредити за неуспешни проекти за провизии во нивните џепови ( најдобар пример е Општина Струмица ).
– И т.н

Да бидеш претставник на својот народ, на општинско и централно ниво значи да преземаш одговорност за да го заштитиш својот народ и држава. Вистинските паметни патриоти делуваат на секое ниво ( и општинско и централно ) во заштита на својата општина, држава и народ.

Времето на ”квази интелектуалци’’ од СДС, кои се потсмеваат на своето знаме, својот народ и кои делуваат против интересите на својот народ за бизнис интереси, заврши!

Потребни се избори за спас на Р. Македонија!

И да, потребно е секој интелектуалец да се вклучи во политиките на Р. Македонија и нејзиното управување. Само така ќе имаме Европска Македонија со луѓе кои работат за својот народ и држава, водејќи се според морални и етички принципи, а не бизнис интереси.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ