Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Се прави обид од Костадинов профитерскиот Гуп во Струмица да се спроведе на штета на граѓаните – Ова е очаен обид!

февруари 3, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Профитерски ГУП – ТРЕТО полувреме

После поднесената претставка за незаконски обид, набрзина да се донесе профитерски ГУП во Струмица, надлежните институции процесот го вратија на повторно преработување и разгледување од граѓаните на Струмица❗

Повторно е понуден ист предлог и без бараните промени од реакциите и анкетните листови на граѓаните❗

Упорно се прави обид од Костадинов профитерскиот ГУП во Струмица да се спроведе на штета на граѓаните❗

❌Не почитувајќи ја приватната сопственост на граѓаните

❌Се почитува само приватна сопственост за бизнис интерес за бетонизација на Струмица

❌Се прави фиктивен зелен појас – кој нема да има никакво влијание за почист воздух

❌На државно земјиште, кое треба да биде зелен појас се предвидуваат згради – кои Костадинов планира да ги договара во четири очи – на тие парцели е потребен зелен појас

❌Се предвидуваат високатници во делови на градот кои се густо населени со куќи и кои имаат повеќегодишни проблеми со поплави, загаден воздух и лоша инфраструктура

ВАЖНО е – да испланираме поубава, чиста и урбана Струмица – за младите и за сите нас во Струмица📍

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на повторената Јавна расправа на 08.02.2024, Четврток во просториите на Дом на АРМ во 11часот📍

⭕Секој граѓанин овој пат мора лично да поднесе анкетен лист во просториите на одделение за Урбанизам во Општина Струмица❗

⭕Ова е очаен обид на Костадинов да им отежни на граѓаните на Струмица да ги поднесат своите забелешки и примедби за предложениот профитерски ГУП по втор пат❗

#Важно е – да имаме ГУП во интерес на граѓаните 🇲🇰
#Важно е – во Струмица да се слуша народот

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ