Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Победа за сите струмичани – Падна постапката за ГУП, џабе се закануваат!

ноември 24, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

ПАДНА ПОСТАПКАТА ЗА ГУП❗

Победа за сите струмичани❗

Постапката за профитерскиот ГУП на Општина Струмица со предлог до Советот да биде поништена.
Џабе водеа инает и џабе се закануваат.

Кога Костадинов виде дека не може да биде над законот, на Советот му предлага да ја поништи постапката. Со тоа се докажува дека забелешките на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата биле на место, дека постапката е со многу неправилности и ќе биде поништена. Ако продолжеше, целата постапка ќе беше незаконска, поради незаконски процедури.

Со поништување на постапка се покаже дека познавањата на Костадинов и неговиот тим за отварање на ГУП се недоволни.

И наместо да признае дека погрешил, тој со предлагањето на истиот ГУП, на истата седница на која го поништува, ќе се заплетка во сопствените грешки.
Мотив за лични бизнис интереси се штетни за развој на градот❗

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во наредниот период ќе излезе со предлог решение, како да се надминат нестручните и политичките влијанија врз ваков битен документ (ГУП) за иднината на Струмица и струмичани📍

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ 🇲🇰
#ГУП #Струмица

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ