strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: На државно земјиште во касарната се предвидуваат нови згради – Костадинов во Струмица по секоја цена сака да го спроведе профитерскиот ГУП кој е на штета на граѓаните!

Автор:

Датум:

февруари 6, 2024

Автор:

Датум:

февруари 6, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Профитерски ГУП – предавство на струмичкиот народ

Костадинов во Струмица по секоја цена сака да го спроведе профитерскиот ГУП кој е на штета на граѓаните❗

❌Повторената постапка овој пат е во координација со ДУИ ❗

Со повторно предложениот ГУП се одзема право на приватни парцели да имаат можност за градба на куќи, викендици и да имаат земјоделско земјиште ( на кои досега имаа такво право) – на тие парцели Костадинов предвидува зелен појас и голф терени❗

Во исто време на државно земјиште во касарната се предвидуваат нови згради – локации кои се во интерес на новоформираните градежни компании на фамилијата на Костадинов❗

Предавство е кога за личен профит бизнис интерес се прави штета на сопствените граѓани – така не се сака Струмица и Македонија❗

❌Купените награди нема да направат поубаво место за живеење за струмичани❗

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на Јавната расправа на 08.02.2024, Четврток во просториите на Дом на АРМ во 11часот📍

Секој граѓанин овој пат мора лично да поднесе анкетен лист во просториите на одделение за Урбанизам во Општина Струмица📍

#Важное – во Струмица да се штити интересот на граѓаните
#Важное – да нема бетонизација на Струмица

ПРОМЕНИТЕ ЗАВИСАТ ОД СИТЕ НАС 🇲🇰