Д-р Никола Маџунков, советник во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Локалното владеење на СДС во Струмица е како ветер и магла, и набргу ќе биде завршена приказна❗️
Владеењето на СДС во Струмица е без визија, без план за модернизација и без развој.
Поради недостаток на концептуални и модерни идеи за нашата општина, се конкурира со старите проекти од претходните градоначалници на СДС, наместо амбициозни иницијативи кои навистина ќе направат промена.
Во овој мандат на општинското раководство на СДСМ, 4 години покривањето на Крушевска Република не беше тема на разговор дури и беше оквалификувано како залудно трошење на средства, скап и промашен проект на претходното општинско раководство на СДСМ.
Четири години СДСМ се откажуваше од идејата за покривање на каналот, а сега кога ќе паднат од власт од Владата побараа 97 милиони денари за втора фаза од покривањето на каналот.
Првата фаза од промашеното покривање на каналот Крушевска Република, кое скапо го платија граѓаните и кое се изведуваше со години, сеуште не е довршено, небезбедно висат кабли и арматура, хортикултурно не е уреден, и не е доврешена урбаната опрема.
Конфликтот во СДСМ со различни ставови по сите теми, па дури и различни ставови на различни функционери од СДСМ за каналот Крушевска Република е на штета на граѓаните.
Овие пари можеше да се искористат за еден куп други проекти, како например реконструкција на атмосферската канализација во овој дел од градот за спречување на поплави, инсвестиции во филтер станицата за чиста вода за пиење, нови паркови и зелени површини и многу други.
Кадрите на СДС немаат никаков развоен план за Струмица и настапуваат конфузно со стари, неразвојни и безидејни проекти.
СДС покажува дека немал и нема да има развоен план за Струмица.
Потребна е вистинска промена со нови идеи и современа визија❗️
Струмица заслужува подобро❗️
Нови луѓе со свежи и напредни идеи❗️