Д-Р КОСТА ЈАНЕВСКИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СТРУМИЧАНИ И ГО ОТСТАПИ КАБИНЕТОТ НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА!

октомври 27, 2021

Д-р Коста Јаневски:

Почитувани сограѓани,

📣Денешниот ден го започнавме и поминуваме заедно со новиот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Го извршивме примопредавањето на функцијата, разговаравме за актуелната состојба во општината, за проектите коишто се во тек, идниот развој на нашата општина и му посакав успешна работа во следните четири години.

✅Со тоа заврши мојот градоначалнички мандат кој ми го дадовте пред четири години, на локалните избори во 2017 година. Ми беше чест, задоволство и сериозен предизвик што бев градоначалник на грижлива, развојно ориентирана, економски просперитетна и европска Струмица.

✅Во изминатите четири години, со мојот тим, општинската администрација и Советот на општина Струмица, реализиравме значајни проекти, од кои дел се во тек, а се траен белег за сериозна, професионална и одговорна ангажираност, во сите дејности и сегменти кои спаѓаат во ингеренциите на Општината, па дури и многу повеќе од тоа.

✅Четирите буџетски години ја имаа како карактеристика развојната компонента, а најголемиот дел од ангажманите беа насочени кон реализација на капитални проекти, кои несомнено придонесоа за прогрес на општината и подобрување на животот на граѓаните. Општина Струмица е меѓу лидерите во државата во управување со јавниот финансиски менаџмент, ваква оценка доби во Извештајот за оцена на перформансите на јавните расходи и финасиската одговорност на Општина Струмица (PEFA).

✅И покрај тоа што речиси половина од мојот мандат, односно најголемиот дел од 2020 и 2021 година поминаа во знакот на пандемијата од „Ковид -19“, и како резултат на тоа беа редуцирани одредени програмски активности за нашата општина, сепак, инфраструктурните, урбанистичките, комуналните и други видови градежни активности се одвиваа непречено и во согласност со предвидената динамика.

✅И најважно од се, општина Струмица ја оставам во стабилна и солидна финансиска состојба, со значајни капитални проекти чијашто реализација е во тек и завршени подготовки за нови проекти коишто ќе ја направат Струмица уште подобра и поразвиена општина.

Почитувани сограѓани,

✅Ви благодарам за довербата, соработката и поддршката што ја имав од вас, ви посакувам многу здравје, успех во личниот и професионалниот живот и да продолжиме со нашата поддршка на прогресивниот развој на нашата убава Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ