Д-Р ГОРДАНА ГЕОРГИЕВА ОД СТРУМИЦА Е НАЈДОБРА МЛАДА НАУЧНИЧКА ВО МЕДИЦИНСКИ НАУКИ!

ноември 26, 2022

Седуммина млади кои постигнале извонредни резултати во 2021 година вчера го добија признанието „Успешни млади” што го доделува Претседателот на Република Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Признанието им се доделува на млади до 35 години. Годинава аплицирале 45 кандидати во седум од осум категории.

Меѓу нив е и нашата сограѓанка Д-р Гордана Георгиева која го доби признанието најдобра млада научничка во медицински науки. Д-р Гордана Георгиева е специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и дефинитивно е кадар кој треба да се чува и вреднува.

Честитки и од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: