Д-Р ЕЛЕНА КИТАНОВА ОД СТРУМИЦА ВРАТИ ВО ЖИВОТ МЛАДА ДЕВОЈКА КОЈА СЕ УДАВИЛА ВО ВОДИТЕ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО!

август 18, 2021

Големи пофалби за младата докторка од Струмица Елена Китанова која во Дојран успеала да спаси млада девојка која се удавила во водите на Дојранското Езеро.

„Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари“. – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: