Црвен крст ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население во струмичко!

февруари 26, 2021

Црвен крст ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население во струмичко Со посети, евидентирање и анкетирање на семејства со деца кои што имаат попречености, вчера и денес во струмичко, Општинската организација на Црвен крст Струмица, ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население.

Волонтерите Танкица Стојанова и Ивана Друбарова посетија 32 семејства во Струмичкиот регион, каде родителите пополнуваа прашалници во врска со висината на примањата во семејството.
На семејствата кои ќе ги исполнат условите во периодот од 15 до 26 март 2021 година ќе им бидат исплатени средствата на нивните трансакциски сметки.

Волонтери на Црвениот крст од цела држава во периодот од 15 февруари до 1 март годинава, ќе опфатат вкупно 750 корисници со финансиска поддршка на ранливото население.
#секадезасекого

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ