Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас доаѓаат во Струмица: Sit Down Comedy „Училница” со познатиот Дејан Малзарков!

декември 4, 2018

По успешните предавања во Гевгелија, на огромно барање на струмичани, популарниот гевгеличанец и стенд ап комичар Дејан Малзарков за прв пат го носи своето шоу Sit down comedy – Училница во Струмица!

Предавањата ќе се одржат во Центарот за култура “Антон Панов” во Струмица на 12 декември (среда) со почеток од 20 часот. Предавачите од Светото тројство: Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас ќе ви одржат три скратени часови за иронијата на модерното општество.

Карти во продажба по цена од 150 денари од понеделник (03.12.2018) во трафика ВАТКОС (до кафе 19). Картите се во ограничен број, а шоуто е наменето за лица на возраст над 16 години.
Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас ви гарантираат смеење до солзи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: