Четврти Меморијален одбојкарски турнир во женска конкуренција „Илија Караманов“ во Струмица!

септември 28, 2023

Во сабота, 30 септември со почеток во 11.00 часот ќе се одржи еднодневен меморијален турнир во одбојка „Илија Караманов“ женска конкуренција

Локација – спортска сала на СОУ „Димитар Влахов“ Струмица

– Струмица не го заборава нашиот струмичанец, поранешен одбојкар, тренер и професор Илија Караманов 🏐

Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со Вас, публиката👏да му оддадеме почит на нашиот сограѓанин кој даде несебичен придонес во одбојката.
Учесници на турнирот : ОК Наковски волеј Струмица, ОК Работнички Скопје, ОК Младост УГД Штип

4тиот по ред меморијален одбојкарски турнир е во организација на ОК Наковски волеј Струмица

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ